речник контакт

Победи за ФК Превалец и ФК Башкими во Трета лига Југ

Пораз на домашен терен за ФК Борец од ФК Брегалница

Петар Печков

Фудбалерите на ФК Борец се поразени на домашен терен со 0:1, (0:0) од штипска Брегалница. Гостите единствениот гол го постигнаа на почетокот на второто полувреме во 49 минута. Велешани одамна се во Трета лига, како претпоследни 15-ти,  со 13 бода. Гостите се на 4-то место.  Во следното коло фудбалерите на Борец гостуваат во Неготино кај Вардар кој е 13 и се бори да го избегне 14-то место кое води во бараж за опстанок.
 
Во Третата фудбалска лига Југ, две победи за екипите од ОФС Велес. И двете над крушевски екипи. ФК Превалец дома водеше над ФК Влазними јуниор од село Пресил, со 4:0,  екипа која е на 12  место а во 16 минута кога има шест фудбалери судијата пред време го заврши натпреварот, кој треба да биде службено регистриран со 3:0 за превалчани. ФК Башкими дома во Превалец го совлада ФК Питу Гули од Крушево со 1:0, екипа која е 8-мо пласирана.  По ова коло двете екипи ФК Превалец и ФК Башкими  се на 2-ро и 3-то место со по 41 бод. Во следното коло ФК Превалец гостува во Росоман, кај истоимената екипа која е 5-то пласирана. ФК Башкими пак игра дерби во прилепско Горно Коњари, кај лидерот ФК Горно Коњари.

АНКЕТА »

Дали имаше реални попусти за „црниот петок“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »