речник контакт

Победи за ракометарите и кошаркарите во заостанатите натпревари

И двете екипи атакуваат на втората позиција и пласман во најквалитетното друштво

Петар Печков

Екипата на ГРК Борец забележа уште една победа на тешкото гостување во Скопје против екипата на РК Риниа со резултат 26:24. Ова беше заостанат натпревар во Првата лига и со победата велешката екипа се зацврстува на втората позиција, која води во разигрување за пласман во Супер лига.

 Во заостанат натпревар од Втората кошаркарска лига  Борец  Баскет во салата Гемиџии ја победи екипата на Шкупи со 84:66.Овој натпревар  од 10-тото коло требаше да се одигра на крајот од минатата година  на 27 декември а се одигра пет месеци подоцна. Борец Баскет се наоѓа на делба на второто место заедно со екипите на Радовиш и Бест сите со ист број бодови 31, но најдобра меѓусебна кош разлика има екипата на Бест и таа е најблиску до пласман во Првата лига, откако во претходното коло (не)очекувано го совладаа лидерот Т- Баскет  во Тетово со високи 54:74. Во следното, последно коло Борец Баскет игра дома со последно пласираниот Дино Баскет а Бест со Пелистер.

АНКЕТА »

Дали 8-то место на ФК Борец во Првата лига ги задоволи вашите очекувања?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »