речник контакт

Победи за фудбалерките и одбојкарите

Ракометарите поразени. Во Велес двомеч во футсал Македонија – Хрватска

Петар Печков

Фудбалерките на ЖФК  Борец  со 4:3 ја победија екипата на Топ Гол од Битола.  Тоа беше средба на две екипи соседи на табелата, што го илустрира и резултатот.  Така по ова 12-то коло Борец се искачи на  четвртото емуто со 13 бодови, каде разликата меѓу третиот и седмиот од табелата е само два бода. Во следното велешанки гостуваат на екипата на Атлетико која исто така има 13 бода. 

Одбојкарите на ГОК Борец со максимални 3:0 ( 16, 19, 14) ја совладаа екипата на Вардар од Скопје. Младиот гостински тим кој е шести,  не беше пречка за домаќините за 70 минути да прокнижат три бода.  По ова 122-то коло Борец останувана трети со 20 бодови. Во следното игра во Штип против студентскиот тим на Универзитет Гоце Делчев, кој има три победи и е претпоследен но  ги елиминираше од Купот. 

Ракометарите на Борец со пораз го завршија првиот дел од Супер лигата. Загубија во Скопје од Пролет со 32:28  (17:13). Во натпревар со многу осцилации за велешани во 27 мин, губеа 17:10, за да во финишот  во 56-тата минута стигнат на 28:27. Но со грешна замена, останаа со играч помалку 4 минути, што го реши победникот.  Димитриевски постигна 8  а Илиев пет гола. Кај домаќините Василевски имаше 10 а Андоновски седум гола.  Велешани се четврти и влегуваат во плеј офот, каде ќе играат со Вардар Скопје, Металург, Пелистер, Работник, Охрид  за шампион на Македонија.   

 Во салата Гемиџии се одиграа два натпревари помеѓу селекциите на Македонија и Хрватска, кои беа контролни во пресрет на квалификациите за ЕП.   Во вчерашниот (недела) натпревар Хрватска беше убедлива и победи со 3:0, додека во првиот, игран во петокот заврши нерешено 2:2 откако гостите, израмнија на неколку секунди пред крајот. 

АНКЕТА »

Дали попустите за „Црниот петок“ ги оправдаа очекувањата?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »