речник контакт

Победи за футсал екипата на Велес и кошаркарите на Борец баскет

Порази за одбојкарите и ракометарите

Петар Печков

Започна вториот круг од натпреварите во Првата футсал лига, разигрување за шампион. Во првото коло дома, КМФ Велес со 5:2 го совлада КМФ Железарец. Така останува разликата од четири бодови меѓу лидерот КМФ Шкупи и велешани.  Во второто коло гостува кај КМф Шкупи во дербито за првата позиција. 

 Одбојкарите на ГОК Борец загубија дома со максимални 0:3 (18, 21, 14) од екипата на Јанта волеј  од Скопје, која е лидер во разигуравањето за пласман од 7-мо до 10-то место.  По ова 12-то коло велешани остануваат трети и во следното коло го пречекуваат тимто на Универзитет Гоце Делчев, кој има победа повеќе. И дилема дали велешани ќе имаат сили за победа над студентите од Штип.

Ракометарите на ГРК Борец ги продолжија натпреварите во Супер лигата со кадетски  состав. Дома загубија со 16:43 (8:21) во 15-тото коло . Најмногу голови кај домаќинот постигна   Стојанов седум. Велешани се последни без освоен бод. Следното коло гостуваат на лидерот Еурофарм во Битола.  

Кошаркарите на КК Борец Баскет  во 17 коло, дома победија со 98:85 над екипата на Спарта од Скопје која има пет победи во 13 средби. Со овие два бода велешани се најдоа на третото место со 23 бода и се борат за пласман до четврта позиција со која се учестува во разигрувањето за пласман во Првата лига.  Во следото коло гостуваат во Куманово на истоимената екипа, која е осма со четири победи од 14 средби.

Од следниот викенд тргнуваат и второлигашите, Есенскиот првак  ФК Борец 1919  игра дома на Градски против екипата на ФК Плачковица од Радовиш која ешеста со 15 бода.  

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »