речник контакт

Победи за футсал екипата на Велес и одбојкарите

Поразени ракометарите и фудбалерките

Петар Печков

Футсал екипата на Велес овој спортски викенд славеше. Дома, во салата Гемиџии  КМФ Велес го победи тимот на Јувентус со 12:2 , полувреме 5:0.  Седмопласираната екипа на гостите не беше сериозен противник за домаќините кои дојдоа до убедлива победа. Стрелци на головите беа  Левески  4, Исмаили  и Петровиќ  по  2, Глигоров, Агуши, Крстевски и Арсовски по  еден. Со оваа победа  Велес останува на 2-то место од Првата лига, со три бода заостаток зад лидерот Шкупи. Во следното коло гостуваат на  осмо пласираната екипа на Илирет во Куманово. 

Одбојкарите на  ГОК Борец победија на гостувањето во Тетово.  Тие со 3:1, (25,- 17, 21, 15)  славеа  над  последната екипа на Лирија, кој досега во 10 кола нема победа.     По серијата слаби резултати конечно победа за велешани. Со ова тие се зацврстија на третото место со 17 бодови. Во следното коло повторно гостуваат во Тетово, на Лешок, кој ова пролет сериозно се засили и е четврти.     

Ракометарите на ГРК Борец се поразени во дербито во Битола од Пелистер. Домаќините славеа со 29:25 ( 18:12). Во првото полувреме до 20-тата минута беше израмнет натпревар 11:10 а фуриозниот финиш на битолчани  направи солидна предност од плус 6. Во второто полувреме Пелистер ја одржуваше предноста а велешани можноста да намалат во два наврати на два гола предност, за неизвесен финиш, не ја искористија.  Така Пелистер кој има ист број бодови како и лидерот на крајот се радуваше.  Деветте гола на Димитриевски не беа доволно за успешен резултат на Борец во Битола.  По ова 16-то коло Борец останува четврти место кое води во плеј офот. За да го завери ќе треба победа во следното коло против Прилеп 2010, кој е единствена закана. Но прилепчани овие две пролетни кола се во криза, забележаа два порази.

Женската фудбалска екипа ана   Борец е поразена во Струмица од Тиверија со 3:1. Ова беше дерби на екипи од дното, па домаќинките го претекнаа  ЖФК Борец.   Со овој пораз продолжи падот на табелата на велешанки. Тие се спуштија на седмото место со 10 бодови, од девет екипи. Следното коло, дома Борец го пречекува трето пласираниот тим на  Топ гол од Битола кој има 13 бода. 

АНКЕТА »

Дали 8-то место на ФК Борец во Првата лига ги задоволи вашите очекувања?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »