речник контакт

Победи за футсал екипата на КМФ Велес и куп победа за фудбалерките на ЖФК Борец

Порази за одбојкарите, ракометарите и кошаркарите

Петар Печков

Футсал екипата на Велес забележа победа од 11:9 ( 8:5) над КМФ Проект Цико од Миравци. Со оваа победа велешани остануваат на второто место и четири бодови зад лидерот КМФ Шкупи. КМФ Гемиџии загуби со убедливи 7:1` до последно пласираната КМФ Шкендија во Тетово, а досега домаќинот имаше само една победа, ова и е втора. По 12 кола КМФ Гемиџии е 8-ми од 10 екипи   со 12 бода. Во следното последно есенско коло   КМФ Велс гостува на КМФ Кратово кој е претпоследен содве победи, одека КМФ Гемиџии дома игра со КМФ Астибо од Штип кој има 21 бод и го дели третото и четвртото место.  

Завршницата на женскиот фудбал есенва, беше со осмина финалните натпревари од Купот. Велешанки дома со 1:0 ја совладаа екипата на КМФ Плачковица од Радовиш, која во првенството е убедливо последна без ниту еден бод. Со оваа победа ЖФК Борец  влезе во четврт-финалето. Тоа и првенството ќе се играат напролет.  

Одбојкарите на ГОК Борец дома загубија со максимални 0:3 (12,18,24) од второпласираната екипа ан табелата ОК Универзитет Тетово. Подмладениот велешки состав само во третиот сет му даде сериозен отпор на фаворитот за освојување на титулата првак.  

Ракометарите на ГРК Борец со подмладен сосав загубија дома во салата Гемиџии од битолски Пелистер со 20:37  (7:19). Велешани поради финансиски проблеми играат со младински сосав и настапуваат само за да не бидат казнети и исфрлени во Втора лига, по три годишна суспензија.  Во следното коло гостуваат на Пролет 62  во Скопје кој е четврти со 25 бода а претходно в среда ќе играат со петто пласираниот тим на  Охрид во гости (има 24 бода), заостанат натпревар од 12-тото коло на Супер лигата. 

Кошаркарите на КК Борец Баскет дома загубија убедливо  од вториот тим на МЗТ Скопје со  65;88, кој со оваа победа стана лидер на табелата. Велешани со 9 натпревари по ова деветто коло се втори, но екипите кои се во горниот дел на табелата имаа помал број на одиграни првенствени средби. Во следното коло КК Борец Баскет гостува на КК Крива Паланка која е претпоследна со само една победа во осум средби. Шанса со победа да се остане во врвот, оти во последното коло велешани се слободни.  

АНКЕТА »

Дали 8-то место на ФК Борец во Првата лига ги задоволи вашите очекувања?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »