речник контакт

Победи за ракометарите и кошаркарите

Нов пораз за фудбалерките и футсал екипата на Велес

Петар Печков

Кошаркарите на Борец Баскет на домашен терен, ја совладаа екипата на скопски Вардар Апаве. Со оваа победа велешани по пет кола на Втората лига,  се втори со три победи. Во еден момент, кога од трибините на паркетот заврши  тврд предмет, беше во прекин 15-тина минути. Во следното коло гостуваат  во Гевгелија, на претпоследниот Бест, кој има една победа досега. 

Ракометарите на  ГРК Борец на домашен терен ја совладаа екипата  на Струга  со високи 30:15. Најефикасен беше Зоран Стојановски кој постигна 10 гола. ГКР Борец по осум кола е трети а во последното коло следната седмица игра  во Кавадарци против екипата на Тиквеш. 

Женската фудбалска  екипа  на Борец загуби дома со уверливи 4:0 од екипата на Младост од кочанско Оризари. Гостинките кои беа послабо пласирани, лесно ги совладаа домаќинките, кои по 8 кола се 7-ми со 10 бода а во последното есенско коло на Првата лига,   велешанки гостуваат  во Скопје, на лидерот Драгон.

 Со пораз го завршија есенскиот дел од Првата лига фудбалерите на футсал екипата на Велес. Тие во Куманово се поразени од Ројал Илирет  со 5:4, кои  беа место подолу на табелата. По девет кола екипата на Велес  е претпоследна 9-та со 9 бодови, првенството продолжува напролет. 

АНКЕТА »

Дали попустите за „Црниот петок“ ги оправдаа очекувањата?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »