речник контакт

Повеќе основци, помалку средношколци во велешко

Годинава има 21 ученика помалку од лани

Петар Печков

 Годинава во велешко настава посетуваат  7.210 додека лани имало 7.231 ученика, или   годинава има 21 ученик  помалку, скоро една паралелка. Малку надеж е што  во прво одделение статистиката вели има 100 ученици повеќе од претходната.

Годинава   има  4.620  ученици во основно образование, спроти ланските  4.555. Во средното образование настава посетуваат  2.590 што е помалку од минатогодишните  2.676  ученици.

Помалиот број на ученици се одразува и  бројот на ученици во паралелка.  Во градот има  19 паралелки со помал број од минимумот 24 ученика, 9 во основно  и 10 во средно.

Проблем во велешко, како и во целата земја  е бројот на учениците. Во ОУ Јордан Хаџи Константинов Џинот има  четири паралелки, по две во прво и шесто со помал број од минималниот 24.Во Св. Кирил и Методиј има три паралелки сите од прво одделение со помал број од минималниот.  И во Благој Кирков има две паралелки од прво одделение со помал број првачиња од минималниот. 

Во средните училишта само во Гимназијата нема паралелки со помал број од минималниот.

Во Хемиска има две  паралелки во прва година за хемиско- технолошки и за прехранбен техничар.

Во Коле Неделковски има четири паралелки со помал број од законскиот минимум:  една од машинска струка образовен профил: автомеханичар, две паралелки од електро струка образовен профил - електротехничар и една комбинирана од два образовни профила во електро струка- електротехничар енергетичар и електотехничар за електроника  и телекомуникации .

Во Економското училиште има четири паралелки,   три за економски техничар и една паралелка од профил: -банкарски техничар, со помал број на ученици од законски предвидениот минимум.

АНКЕТА »

Каде одмарате летово?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »