речник контакт

Повеќе тутун на велешките ниви од лани

Во велешкиот регион тутунот е засаден на 1.050 хектари што е 10 до 15 отсто повеќе од лани.

Петар Печков

Тоа, како што велат од Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, се должи на добрата ланска откупна цена и на исплатените субвенции.

Се проценува дека околу 1.800 производители засадиле тутун. Најзастапени се сортите јака, прилеп и басмак. Бербата е во полн ек.

Годинава во Велешко се очекува род од околу 1.900 тони тутун. Најголем дел од земјоделците се од селата Иванковци, Мамутчево, Бузалково, Извор, Лисиче и Чашка. Тие склучиле договори со неколку откупни претпријатија, Центро Табак од Велес, Алијанса од Кавадарци, Струмица Табак и Соко Мак од Битола.

АНКЕТА »

Каде одмарате летово?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »