речник контакт

Повлечена кривичната против бизнисменот Тепев

Дали велешкиот бизнисмен, сопственикот на пропаднатите Транс Велес и Тедико, кој ја напушти земјава поради сериозни обвиненија, кои потоа ги повлекоа ќе се врати во Велес

Петар Печков

Обвинителството се откажало од кривичното гонење за делото ,,злоупотреба на службената должност,, на  велешкиот бизнисмен Илија Тепев, кој неколку години живее во Бугарија. Во текот на главниот претрес во Основниот суд во Велес, јавниот обвинител го повлекол обвинението.

Причината  е што Тепев не  бил извршен директор во моментот на случувањето на настанот за кој му се судеше.  Тепев беше обвинет  дека како извршен директор на   ,,Транс Велес,, во  2004-та склучил  четири  фиктивни договори  со  ТП ,,Тедико,,  во висина од  54 милиони денари  за што во залог дал  260 товарни, патнички превозни средства.

Подоцна откако долгот не бил вратен, согласно договорот за заем ,,Тедико,, ги презел овие возила од ,,Транс Велес,,  и се стекнал со противправна имотна корист од   54  милиони  денари. На Илија Тепев . му се судеше во негово отсуство, оти тој  е во Бугарија, има тамошно државјанство  и е недостапен.

Пред три години обвинителството се откажа од  гонењето на Тепев и за првото дело   ,,злоупотреба на службена должност,,. Тогаш му се судеше дека  Тепев ја оштетил државата за 82 милиони денари, бидејќи кредитот што АД Транс Велес го земал во 1997 година од Кралството Шведска, преку Агенцијата за санација на банки во висина од 9 милиони шведски круни, продоцна преку негови фирми го присвоил.

Тој  беше обвинет дека камионите  кои се под хипотека, ги продал од неговата на други две, каде  бил доминантен сопственик. На овој начин Министерството за финансии, како гарант за земениот кредит од Шведска и државата Република Македонија биле оштетени за 750 илјади евра. И во  овој случај Тепев во моментот на случувањето на делото немал својство на извршен директор, па обвинението беше повлечено и ослободен од вина.

Неговите блиски најавуваат   враќање  на  Илија Тепев  во Велес  кое може да  се случи во април, бидејќи повеќе немало  правни пречки, не е баран за ниту едно дело.

АНКЕТА »

Како да се надмине состојбата со големиот број заразени лица, позитивни на ковид-19?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »