речник контакт

Повторно во Вардар најден леш

Овој пат тоа е близу железничка станица Рајко на тешко пристапен терен

Петар Печков

На 15.01.2018 година околу 12,30 часот во Секторот за внатрешни работи Велес било пријавено дека во близина на с.Сопот, во водите на реката Вардар бил забележан човечки леш.

Телото било заглавен помеѓу карпи. Екипа од Единицата за специјални задачи излегла на лице место, но поради временските услови и непристапниот терен, не успеале да го извадат од водите на реката - информираа од МВР.

Денеска припадници на Единицата за специјални задачи ќе продолжат со преземање мерки за вадење на телото од водата.  

На 11.01.2018 година околу 14.20 часот во близина на мостот кај село Уланци, велешко, на место викано .„Горна Лака“, во водите на реката Вардар било пронајдено тело на маж во фаза на распаѓање.

АНКЕТА »

Дали учениците од 1-ви септември треба да тргнат на настава во училиште?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »