речник контакт

Повторно редици пред матично и катастарот

Причина обновата на документацијата за корисниците на социјалана помош, кој завршува до 2-ри декември

Петар Печков

Се вратија редиците пред матичното одделение на Министерството за правда. Таму се чека со часови за да се добие извод од книгата на родените или венчаните. Луѓето нервозни и лути што мораат дел од денот да минат чекајќи ред на отворено.

Бараат од нас нови изводи од книгата на родените и венчаните, иако последните што ги имав беа од пред три месеци. Не ми е јасно зошто се бараат нови, иако постојните се со трајна важност. Бараат и извод од венчаните иако имаме извод од родените, а треба само еден документ. Премногу документи за кои се чека со часови, а се непотребни –велат луто велешани, корисници на социјалната помош.

Гужвата е голема во пазарните денови, кога доаѓаат корисници од блиските села, тогаш е уште поголема редицата и понервозна состојбата. Слично е и во катастарот, од каде треба оваа категорија граѓани да добие документ за имотната состојба. За овие документи тие плаќаат по 50 денари, кои потоа со приложен документ им се враќаат преку Центарот за Социјални грижи.

Овие гужви се поради обврската корисниците на правото на социјална парична помош  се должни до 2 декември годинава да се пријават во надлежните центри за социјална работа и да ја достават потребната документација, за да се проверат евентуално настанатите промени во материјалната и семејната состојба кои би можеле да влијаат на остварувањето на правото. Обврската еднаш годишно да се обновува документацијата за корисниците произлегува од Законот за социјална заштита, а годинава започна да се спроведува од 17-ти октомври. Во Македонија, како што посочи, 45.967 домаќинства се корисници на социјална парична помош.

Корисниците се должни еднаш годишно преку центрите за социјална работа до Министерството да достават важечка лична карта за македонските државјани или дозвола за постојан престој за странец, лична карта за признат бегалец или лична карта за лице под хуманитарна или супсидијарна заштита, потврда од Агенцијата за вработување за сите полнолетни лица, изводи од матичната книга на родените, на венчаните и на умрените за сите членови на домаќинството, потврда за поседување регистрирано возило, уверение од УЈП за пријавени или остварени нето приходи, потврда од Фондот за ПИОМ за корисник на пензија во Македонија или странство, потврда за остварени приходи од плата, потврда од Агенцијата за катастар за недвижности за поседување недвижен имот, имотен лист, листа за стаж од Фондот за ПИОМ, пресуда за развод на брак, пресуда за определена законска издршка, потврда за редовен студент.

АНКЕТА »

Колку сте задоволни од настапот на македонските репрезентативци на ЕП во одбојка?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »