речник контакт

Повторно се работи нешто во објектот, граѓаните во дилема што, сопственикот молчи

Се изнесува железото од Хотел Интернационал

Петар Печков

Изминатите денови повторно влегоа работници во објектот на некогашен Хотел Интернационал.  Таму неколку дена има одредени активности, но што официјално се работи сопственикот не кажува.

Тој не одговара на  телефонските повици  по прашањето што  се случува  во Хотелот, кој е во центарот на Велес  и десетина години е грда слика. Но затоа од лица кои контактирале со изведувачите, познато е дека тие имаат налог да работат таму.  

Се работи за штипска фирма, која  се бави со отпад. Таа ги прибира сите метални работи кои останаа во објектот, цевки, радијатори, метал,  котел за греење. Ова е со одоборение од сопственикот на објекот Мите Јовановски - изјавија лица упатени во изведувачките работи. 

Велешани како за малку нешта, единствени, мора нешто да се преземе за  празниот Хотел да не биде лоша слика за минувачите но и за гостите во градот. 

Обејктот на некогашен Интернационал, со години стои празен, разрушен и е грда слика на  центарот на  Велес. По реакциите на јавноста пред две години, сопственикот ангажираше фирма, која неколку месеци работеше на исфрлање на дрвенаријата.  Потоа пак се сопре.

Сега на ред  дојде да се исчисти металот. Дали и што потоа ќе преземе сопственикот, ќе  покаже времето. Дали ќе постапи по налозите на локалната власт да се почнат градежни активности а не да стои така разрушен.  

Во 2013-тата тој  ги стави на продажба двата хотели и Македонија и Интернационал, но никој не пројави интерес за да ги купи, така што и натаму се сопстевност на  Јованво, кој има ланец на бензински пумпи ,,Мак оил,,. 

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »