речник контакт

Поглед од внатре во светот на Џејмс Бонд

Во Лондон е отворена единствената изложба за фиктивниот британски шпион Џејмс Бонд, која дава поглед од внатре во светот на дизајнот и стилот на највлијателниот светски филмски бренд

Петар Печков

Во Лондон е отворена единствената изложба за фиктивниот британски шпион Џејмс Бонд, која дава поглед од внатре во светот на дизајнот и стилот на највлијателниот светски филмски бренд, на кого лондонскиот Барбикан центар одбележува 50 годишнина од постоењето на франшизата Џејмс Бонд, од првиот филм од 1962 година - „Доктор Но“, до најновиот 23 по ред „Skyfall“, кој ќе се појави кон крајот на оваа година.

Замислена како посвета на уметноста и вештините кои стојат зад филмовите за познатиот таен агент снимени според романите на британскиот писател Иан Флеминг, изложбата „Designing 007: Fifty Years of Bond Style“ („Дизајнирање на агентот 007: 50 години од стилот на Бонд“), најавена е како - мулти искуство, која на јавноста ќе ја претстави 50 годишната историја на Бондовите гаџети, филмски сценографии, костуми и автомобили, како и скици, цртежи и модели врз чиј основ се направени.

Како што се наведува во најавата на изложбата на мрежните страници на центарот Барбикан, изложбата „Designing 007“ ја истражува умешноста која стои зад ѕвездата од екранот, тајните служби и криминалците, костумите и процесите на нивно исчезнување, дизајнот на сценографијата и продукцијата, автомобилите, техничките помагала на Бонд и специјалните ефекти, графичкиот дизајн, егзотичните локации и друго.

Од Сноумобилот до „Астон Мартин“

Изложени се разни превозни средства кои ги користи Бонд - брод, сноумобил, но и „Астон Мартин ДБ5“ од кој се прикажува и кус филм во кој покојниот експерт за специјални ефекти Џон Стирс ги опишува моментите непосредно пред да се фрли на работа на прилагодување на најновиот модел на тој автомобил за потребите на филмот „Голдфингер“ (1964). Тој автомобил подоцна стана најпознат и најпосакуван автомобил во светот, како и интегрален дел од популарната култура.

Изложени се технички помагала и оружјето кои за Бонд и неговите зли противници ги замисли Стирс и експертите за специјални ефекти Сид Каин и Крис Корбалд, исто така и многу сценски реквизити, книги за снимањето на продукциските дизајнери Кен Адам и Петер Ламонт, како и костимите на Бамбл Досон, Донфилд, Џули Харис, Линда Хеминг, Роналд Патерсон, Ема Портос и Џејни Темим.

Во собата наречена „Golden Room“, изложен е златниот пиштол од филмот „Човекот со златен пиштол“ (1974), секцијата „Foreign Territories“ следи некои од егзотичните локации на кои се движел Бонд, а тука е и собата „Ice Palace“, наречена по истоимената соба на Мр. Кил од филмот „Умри друг ден“ (2002).

Меѓу изложениете предмети ги има и гаќите за капење кои ги носеше Даниел Крег во филмот „Казино Ројал“ од 2006 година и експлозивната актовка на Шон Конери од филмот „Од Русија со љубов“ од 1963 година, пушката Хаселблад на Тимоти Далтон од филмот „Дозвола за убивање“ од 1989 година, моделот на подводното возило „Лотус Еспирит“, кој го возеше Роџер Мур во филмот „Шпионот кој ме сакаше“ од 1977 година, како и многу други сценски реквизити на водечките холивудски костимографи и големи модни имиња како што се Џорџо Армани, Бриони, Роберто Кавали, Том Форд, Хуберт де Живанши, Фрида Џанини од куќата Гучи, Даглас Хауард, Рифат Озбек, Џени Пакхам, Миучија Прада, Оскар де ла Рента, Антони Синклар, Филип Трејси, Емануел Унгаро и Донатела Версаче.

Изложбата е остварена во соработка со компанијата „Eon Productions“, продуцентска куќа која стои зад филмовите на Бонд и која на нејзините авторки, модната историчарка Бронвин Косгрејв и дизајнерката на костумите Линди Хеминг, овозможи целосен пристап до своите архиви. Филмските инсерти на големите платна следени со познатите драматични бондовски музички теми на покојниот композитор Џон Бери, се интегрален дел од поставата.

Изложбата ќе биде отворена до 5 септември, а потоа во рамки на тригодишната турнеја ќе се пресели во Торонто, во Канада.

  текстот е превземен од Слободна Далмација - Сплит

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »