речник контакт

Поголема отчетност на локалните власти од Вардарски регион, како се трошат народните пари за јавни набавки

Напредокот е забележлив кај сите општини од Вардарскиот регион, но не велиме дека не е можна корупција или ненаменско трошење - кажа Давкова истражувач и координатор на проектот

Петар Печков

Со постапката на јавни набавки се трошат народни пари, собрани од граѓаните и затоа е потребна контрола како тие се трошат. Ова беше целта на проектот  ,,Транспарентност, отчетност на јавните набавки,,  кој го спроведе  Едукативно -хумантарната организација ЕХО  од Штип.  Денес беа презентирани на податоците добиени со истражување и во кое  беа опфатени сите јавни набавки спроведени од деветте општини од Вардарскиот плански регион, во 2018 година.

Евидентно е дека имаме поголемо ниво на  отчетност во трошењето на народните пари за јавните набавки. Напредокот е забележлив кај сите општини од Вардарскиот регион, но не велиме дека не е можна корупција или ненаменско трошење. Сепак се води повеќе сметка за  јавноста да знае како се трошат парите - кажа  Јулиа Давкова истражувач и координатор на проектот. 

Опфатени беа општините Велес, Кавадарци, Неготино, Свети Николе, Демир Капија, Росоман, Градско, Чашка и Лозово. Податоците се земени од веб страните на локалните власти, преку барање  за слободен пристап на информации од јавен карактер. 

Значително подобрување кај  нивото на исполнување на критериумите за транспарентност, отчетност  има кај Општина Велес, која од солидно ниво сега е во високо ниво со 84 отсто, според 31 проучуван критериум.  Во досега презентираните четири региони нема над 80 отсто, Велес е единствен.  Во Вардарски регион, општините кои трошат најмногу средства ,пари се и најтранспарентни. Можеби причина за тоа е што имаат и најмногу вработени. Морам да ја споменам Општина Неготино, која има осетно опаѓање  во транспарентноста и нема информации каде и како се трошат народните пари - изјави Давкова.  Лани само 31 отсто од општините го имале објавено планот за јавни набавки а од годинава тоа е задолжително. 

Општините од Вардарски регион, лани имале склучено повеќе договори за јавни набавки, споредено со 2017-та и повеќе пари потрошени, освен Општина Свети Николе. Лани најмногу пари потрошила Општина Кавадарци па Општина Велес.  Што се однесува до концентрацијата   кај една фирма на договорите за јавни набавки, било забележано дека има голема концентрација во Општина Кавадарци, каде многу средства се одлевале кај една градежна фирма.  Забележано било и дека лани во Општина Велес имало висок процент од 31,2 % на  поништени постапки,  што е над републички просек. 

АНКЕТА »

Велес е еден од малкуте градови во Македонија, кои немаат пешачка зона во центарот на градот. Дали сте за улица 8-ми септември од Сармаале до споменикот на Илинденците да биде затворена за сообраќај а тој дел пешачка зона?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »