речник контакт

Поддршка за победа

Влатко Темелков бара од навивачите поддршка за победа и пласман во следната фаза од ЕП во ракомет

Петар Печков

Атмосферата во репрезентација за разлика од вчера после натпреварот е многу подобра.Бевме сите на некој начин разочарани од поразот,што е и нормално. Ама еве веќе денес разговараме за Чешка и сакаме да се спремиме 100% за тој за нас сите многу значаен натпревар.Што се однесува за тоа дали последниот шут од Лазаров беше гол или не?Јас ја немам видено снимката и неможам ништо поточно да кажам.

На престојната утакмица со Чешка одиме на се или ништо.Ние мораме да победиме ако сакаме да одиме понатаму во вториот круг.Ќе дадеме се од себе и со помош на нашата изворедна многубројна публика се надеваме на победа.

Многу поздрав од Владимир Темелков!

 ЕХФ пак ја отфли жалбата на македонското раководство за  непризнаениот голо на Лазаров. Во едно штуро соопштение напишаа:

Дисциплинската комисија на ЕХФ ги разгледа сите елементи како и видеото од мечот и смета дека ситуацијата се однесува на судиско решение. Ова решение било направено врз база на гледањето на фактите од страна на судиите, во склад со Правилата на игра на ИХФ. Затоа тоа не може да биде предмет на протест - стои во соопштението.
 Чесите пак сметаат дека утрешната средба со Маекдонија ќе биде вистинска војна.

Постои можност дека можеме да бидеме сигурни уште по првиот натпревар дека ќе обезбедиме место во следната фаза кога Германците би изгубиле од Швеѓаните. Но, доколку изгубиме од Македонија, немаме бодови. Што значи ако сакаме да одиме нагоре, со два бода нас не треба да не интересира првиот натпревар. Мораме да ја победиме Македонија, но што ќе се случува во салата... Тие (македонската репрезентација) веќе војуваа против Германците и сега им се „работи за животот". Тоа ќе биде мала граѓанска војна - вели Мартин Липтак, за утрешниот ракометен натпревар меѓу Македонија и Чешка.

АНКЕТА »

Дали честите акциски контроли на сообраќајната полиција, изминатите два месеци, воведоа ред во однесувањето на возачите и пешаците?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »