Петар Печков
Објавено: понеделник, 30 декември 2024
Основниот суд во Велес објави дека до нив стигнал предлог за отворање на стечајна постапка, со постапка за реорганизација, на фабриката за шински возила Колска. Ова е новина која ја овозможува Законот за стечај а досега била малку применуван во судската пракса.
„ОСНОВЕН СУД ВЕЛЕС известува дека на ден 27.12.2024 година, доставен е предлог за отварање на стечајна постапка со постапка за реорганизација од должникот Друштво Фабрика шински возила ВЕЛЕС ДООЕЛ Велес согласно чл. 215 -а и чл. 215 – в од Законот за стечај. По испитување на неговата уредност, стечајниот судија ќе постапи согласно одредбите од Законот за стечај“ – пишува во соопштението до Основен сду Велес
Претходно на 5 декември во печатен медум излезе оглас за прибирање на затворени понуди, за „санирање на тешката финансиска материјална положба“ преку доставување на Предлог постапка за реорганизација на Колска.
Неофицијалната информација е дека има стигнато една таква понуда. По истекување на рокот за примање на понудите, во разговорот со директорот Стефан Амбарков, тој не прецизираше колку понуди има, кажа само дека комисијата ги разгледува понудите и во потребниот рок ќе се постапи согласно одлуката.
Во јавниот повик објавен од Колска, меѓу другото со предлогот се бара прецизирање на начин, рок и висина на подмирување на финансиските обврски кон доверителите, кон вработените, задржување на постојните 50-на вработени и нови вработувања, висина и динамика на планирани инвестиции.
Tweet |