Петар Печков
Објавено: четврток, 05 декември 2024
И додека Територијалната против пожарна единица Велес изминатите 11 месеци регистирарала и интервенирала во 11 случаи на опожарени патнички моторни возила, од велешката полиција информираат за далеку помал број.
За весникот Фокус, во однос на вкупниот број опожарени возила во Македонија, тие одговориле дека за 11 месеци кај нив се регистирани две опожарени возила, едното на територија на ПС Велес а второто на ПС Кавадарци.
За истиот период СВР Велес поднелно две кривични пријави за сторени три кривични дела, против тројца сторители.
По денови во Велес и велешко регистирани опожарени возила, кога интервенирале пожарникарите.
03.01/ 04.04/ 07.04/ 11.05/13.05/ 21.05/ 25.05/07.07/22.08/05.09/26.11
Tweet |