речник контакт

Пожарникарите на ТППЕ Велес од година во година со се повеќе интервенции

Лани имало и една жртва од пожарите а во два случаи се ваделе давеници од реката Вардар. Голем скок има на запалени автомобили 22 во трите општини, наспроти 15 во 2023 година

Петар Печков

Во пораст е бројот на интервенции на пожарникарите од ТППЕ Велес во 2024 година споредено со 2023-та. Лани имало 287 а годината претходно 269 а во 2022 имало 234. Или последните три години велешките пожарникари имаат се повеќе работа, откако  четири години претходно бројот на интервенции на велешките пожарникари постојано се намалуваше, најмногу  ги имаа во 2019 со 361. Лани имало и една жртва од пожарите а во два случаи се ваделе давеници од реката Вардар.

„Луѓето, човекот, поточно невниманието се најголемата причина за пожарите“ – кажа Димче Јованов, командир на вод на ТППЕ Велес.

Во 2024 година пожарникарите на ТППЕ Велес гаснеле оган на отворено во 118 случаи  (115 во 2023 година) при што била опожарна површина од 740 хектари. Голем скок има на запалени автомобили 22 во трите општини, наспроти 15 во 2023 година.

Минатата година  во велешко најбројни биле интервенциите на отворен простор со 89 при што е опфаната површина  од 450 ха. Потоа следат техничките интервенции,  56 случаи каде што спаѓаат  интервенции при сообраќајки, влегување во стан заради потребите на полиција, искрење на бандери, вадење на вода од подрумски простории. На трето место по интервенции се 32  запалени објекти, 19 запалени контејнери, 14 запалени возила. Лани пожарникарите на ТППЕ Велес интервенирале, помагале на подрачје на пет други општини, територии.

Во Општина Чашка  лани било интервенирано на  16 пожари  на отворен простор при што е  изгорено околу 150 хектари трева и шума, две технички интервенции, четири  пожари на патнички возила и пет на објекти.

Во  Општина Градско регистирани се 13 пожари на отворен простор, при што е изгорено околу 139 хектари трева и шума, две технички интервенции, четири  пожари на патнички возила.

АНКЕТА »

Дали сте задоволни од настапот на македонската ракометна репрезентација на СП?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »