Петар Печков
Објавено: недела, 14 јуни 2026
Вчера, сабота на пладне велешките пожарниркари во 13,20 ч. интервенирале во село Караслари, за локализрање на пожар. При тоа на терен било едно противпожарно возило со двајца пожаринкари. Од огнот биле опожарени овоштарник и сандаци со пчели во соседството. Деталите од информацијата на велешката полиција.
„На 13.06.2026 во 18:00 часот во СВР Велес, полициски службеници извршиле службен разговор со А.С.(37) од село Долно Караслари, велешко, затоа што на неговата нива во атар на село Караслари, каде работел со циркулар, предизвикал искрење, по што настанал пожар, кој опожарил овоштарник и сандаци со пчели, сопственост на В.С.(45 год) од Велес“ – соопштија од СВР Велес.
Повредени лица нема. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес. Известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на настанот против А.С. ќе биде поднесена соодветна пријава.
| Tweet |




