речник контакт

Пожар во Маслодајна

Пожар во отворениот склад на Маслодајна, изгоре пластичната амбалажа.

Петар Печков

Попладнево  (среда) околу 16, 30 часот во отворениот склад на велешка Маслодајна избувна оган кој ги зафати пластичните шишиња наменети за полнење со масло и оцет.

Огнот кој бргу се ширеше се закани да ја зафати и машината за пластични шишиња која тука е складирана, како и силосите наменети за складирање на сончоглед.

Брзата интервенција на пожарната го спречи огнот да направи поголема материјална штета а пожарот беше локализиран за дваесетина минути.

АНКЕТА »

Колку сте задоволни од настапот на македонските репрезентативци на ЕП во одбојка?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »