речник контакт

Пожар во куќа во Башино село, огнот локализиран

При интервенцијата, еден од пожарникарите имал труење со чад

Петар Печков

Вчеравечер во Башионо село се запалила куќа, интервенирале пожарникарите. По гаснењето на пожарот еден од нив има труење со чад. Деталите од инфорамциите на ТППЕ Велес и Општа болница Велес.

„На ден 24.04.2025 во 20:45 примена е дојава за запалена куќа во  Башино Село. Територијалната Против Пожарна Единица Велес излезе на лице место со две против пожарни возила и шест пожарникари спасители. По пристигнување на лице место пристапено е кон гасење на пожарот“ – соопштија од ТППЕ Велес

При интервенцијата еден од пожарникарите  имал труење со чад.

„Пациентот е примен на Ургентен центар, каде му е даден првична здравстена нега. Потоа е примен на Интерно одделение, на кислородна поддршкаа. Потоа по негово барање е пуштен на домашна нега“ – соопштија од ЈЗУ Општа болница Велес.

Oд велешката полиција додаваат дека куќата во која настанал пожарот е во сопственост на И.Д. (46 год).

АНКЕТА »

Дали имаше реални попусти за „црниот петок“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »