речник контакт

Пожар во селото Бистрица, по локализирање на огнот пронајдена почината сопственичката

Мештаните од село Бистрица велат дека жената живеела сама во куќата, немала блиски роднини во селото

Петар Печков

Вчеравчер, во велешкото село Бистрица се случил пожар во семејна куќа, при што по локализирањето е пронајдено опожарено човечко тело. Огнот бил гаснат пет часа. Селото е во регионот на Азот, општина Чашка и оддалечено од Велес еден час возење.

„Повикот за пожар во Територијалнта противпожарна единица Велес бил примен во 22,26 а екипта од едно возило и пт пожарнираки се вратила утрото во 5,35. За случајто била побарана помош до ЕВН а била известена и полицијата. Опожарена е површина од 150 м2, во опожарениот дел е пронајдено човечко тело, на сопственичката која била на возраст од 85 години“ – соопштија од Центарот за управување кризи од Велес.

Мештаните од село Бистрица велат дека жената живеела сама во куќата, немала блиски роднини во селото.

„Екипата на велешката пожарна вечерта на 5 февруари,  пет часа го локализираше огнот во куќа во селото Бистрица. По завршувањето на гаснењето, во куќата беше пронајдено човечко тело“ – информираа од ТППЕ Велес.

фото илустрација

АНКЕТА »

Дали сте задоволни од настапот на македонската ракометна репрезентација на СП?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »