Петар Печков
Објавено: среда, 22 јули 2026
Вчера попладне, вторник, пожар во село Сојаклари, кој опожарил родни дрвја но и објект каде имало земјоделска механизација. Деталите од информацијата на велешката полиција.
„На 20 јули во СВР Велес било пријавено дека околу 18:00 часот во село Сојаклари, велешко, на имот сопственост на Л.М.(63 год) од истото село, настанал пожар и биле опожарени родни дрвја, кој се проширил и зафатил објект во државна сопственост, кој го користел Т.А.(47 год) од село Сојаклари, во кој имало бали со сено, јачмен, а опожарена била и земјоделска приклучна механизација“ – соопштија од СВР Велес.
Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од Територијална противпожарна единица Велес. Известен бил јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од СВР Велес.
| Tweet |




