речник контакт

Позната унгарска актерка направила сообраќајка кај Велес, за што доби казна од 200 евра

Доротеа Удварош (58 год)удирла во друг автомобил, при што повредила двајца скопјани

Петар Печков

      Познатата унгарска актерка  Доротеа Удварош (58 год)  предизвика сообраќајка на автопатот Скопје – Гевгелија за што  е казнета  во Основниот суд во Велес со двеста евра парична казна.

Таа на  8-ми август годинава во  7.10 часот на автопатот во близина на Велес,   движејќи се во правец кон Гевгелија, заедно со нејзиниот татко и син,  со патничкиот автомобил марка Хонда Цивик со унгарска регистарска ознака, удрила во автомобил, при што повредила двајца патници.  При судирот таа  не го држела потребното растојание кога се движела зад други возила.

Поради тоа  со предниот дел од автомобилот кој го управувала, удрила во задниот дел од автомобилот Цитрон Виза  со скопски регистарски таблички,кој се движел пред неа. Од  ударот возачот на овој автомобил  С. К. и неговата сопатничка М. Д. здобиле телесни повреди на вратот и рамото. 

За ова актерката, која не е повредена во сообраќајката,   е осудена е на парична казна од 20 дневни глоби од по 10 евра или вкупно  од 200 евра. Доротеа  Удварош  е вработена како актер во Националниот театар во Будимпешта има снимено бројни ролји во унгарски филмови и е носител на актерски  театарски награди на национално ниво. Откако ја платила казната, таа не се жалела на пресудата и ја напуштила Македонија.

 Пред две години во велешкиот суд беше судена и ослободена, српска балерина, сопруга на Мики Јевремовиќ оти низ Велес пуштила во промет фалсификувани евра.

АНКЕТА »

Како ќе ја помните годината зад нас, 2019-та?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »