речник контакт

Познати добитниците на општинските признанија

Познати се добитниците на највисокото општинско признание,

Петар Печков

Познати се добитниците на највисокото општинско признание, по седницата на Советот која траеше два дена, со многу дискусии, прекини и бројни реплики.

Наградата „Гемиџии“ за животно дело ја добија пензионираниот актер, основач на велешкиот театар Кирил Попов и максиофасцијалниот хирург Илија Васков.

Спомен плакета 9-ти Ноември добија: Фехим Хусковиќ сликар, Благој Ламњов кларинетист студент на постдипломски студии во САД, Ангел Мишков пирограф.

Благодарница 9-ти Номеври добија: Исмаил Дурмишевски кој со неговото семејство згрижува 5 деца без родители, академик Томе Серафимовски и советникот Зоран Ѓуровски.

Пофалница 9-ти Ноември добија: писателот Игро Крајчев, маратонците Виктор Толевски, Трајче Михов и Срѓан Милошевски како и фолк групата „Соната“.

Беше избран и најдобриот студент од Велес, тоа е Боби Костовски со просек 9,9 од Машински факултет. Наградите и признанијата ќе бидат врачени на свечената седница в недела на 9-ти Ноември.

АНКЕТА »

Дали имате доволно време да му посветите на Вашето дете/деца?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »