речник контакт

Полагањето за возачка, од денес со видео камера

Се елиминира субјективноста на возачката испитна комисија но и познанствата и фаќање врски на кандидатите

Петар Печков

Од денес, петок, полагањето на возачкиот практичен  испит  во земајва, на полигон и возењето низ град се снимаат со видео камера. Оваа новина е внесена во Правилникот за полагање на возачки испит. Така се што се случува во автомобилот и возењето на кандидатот за полагање сега е видео документирано и тоа е задолжително. На овој начин се воведува контрола и на возачките  испитни комисии но и на возењето на кандидатот  кој полага.

Често слушав од постарите дека практичниот дел од полагањето, комисијата можела да решава според нејзини субјективни ставови. Вака со снимањето им се одзема таа можност, нема повеќе да плачеме, инструктор ме кутна, ме мрази и слично. Но  ова е и поголема одговорност за нас, да дојдеме подготвени за испит а не да фаќаме врски – изјави велешанец кој полагаше практичен дел и тоа освен пред комисијата и  пред министерката Јанкуловска, која дојде да види како тоа  во пракса се применува.

Новина е што се зголемува и минималното  времетраење на возачкиот испит  и тој сега може да трае од 15 до 40 минути, што било предвидено со Европските директиви, и за кој период можело да се оцени познавањето во пракса  на сообраќајните правила и прописи на кандидатот. Воведени се и нови построги  вежби, нов начин на испитување. Воведени се и новини и во полагањето на тестовите со компјутерски прашања, преку компјутерска база која овозможува 1,7 милиони комбинации прашања, па кандидатите не можат да минат со само неколку научени прашање.

Сите овие новини ги воведуваме со цел да се има поголема безбедност на македонските патишта. Според статистиката, за жал констатираме зголемување на бројот на жртви.  За надминување на ваквиот негативен тренд   воведени  се новини во обуката и во испитувањето. Меѓу другото сакавме да ги отстраниме сите можности за сомнеж  за субјективно однесување на испитната комисија. Често имаше реакции од кандидатите дека  тие сработиле се како  што треба, но инструкторот бил престрог кон него. Се ова оди во прилог на објективното оценување на кандидатите, при што нема да се толерира  импровизација од нивна страна   – изјави Гордан Јанкуловска министерка за внатрешни работи.

Снимањето на практичниот дел од полагањето на возачкиот испит ја отфрла и можноста за полесно минење на кандидатите ,,преку врски и познанства,,  со  инструкторите.    Од велешкото Здружение на возачи ,,Веус,,  изјавија дека  воведувањето на  оваа новина, снимањето на полагањето со камера, не ја  покачи цената на испитот, туку само го зголемил квалитетот на испитувањето.

АНКЕТА »

Каде одмарате летово?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »