речник контакт

Полицаец по грешка испукал куршум во ВЦ -то на општината

Среќна околност во моментот никој немал во санитаријата оти истреланиот куршум бил во висина на човек

Петар Печков

Во средата полициски службеник, на СВР Велес додека бил  на работа испукал од неговиот службен пиштол куршум, кој завршил во ВЦ-то на локалната власт.  Според полицијата ова се случило  во 10,30 часто, додека тој го чистел пиштолот на прозорот од неговата работна соба. Од таму информираа дека случајот е пријавен во Јавното обвинителство и Секторот за внатрешна контрола на  МВР.

Тие не го соопштуваат идентитетот  на колегата ниту неговите иницијали, наспроти досегашната пракса кога се апсат или откриваат вакви случаи со лица кои не се припадници на МВР.  Од општина Велес портпаролот излезе со подетална информација како се случил овој инцидент.

Во текот на вчерашниот ден од страна на вработени службеници во општинската администрација беше забележана невообичаена појава во помошна просторија од зградата, поточно во тоалетот. Беше очигледно дека станува збор за скршено стакло од прозорецот од надворешната страна како и оштетување на ормарот во внатрешноста од просторијата. Веднаш беа известени надлежните институции, односно СВР Велес по што случајот беше превземен од нивна страна согласно надлежностите  – изјави Мартин мајсторов портпарол на општина Велес. 

Среќна околност е што куршумот, кој според линијата на истрел бил во висина  на еден човек, не погодил никого, оти во тие моменти освен вработените од локалната власт, во зградата на Општина Велес имало и тестирање за вработување во фабриката Дрекселмаер во Кавадарци.

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »