речник контакт

Полицаец сообраќаец казнет, оти не казнувал

Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди при МВР поднесе кривична пријава против М.Л. (43), полицаец сообраќаец поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело “злоупотреба на службената положба и овластување“.

Петар Печков

Пријавениот, во својство на овластено службено лице-полицаец  сообраќаец во СВР Велес, во периодот од април 2008 до јули 2009 година, ја злоупотребил службена положба и овластување со непревземање на службени дејствија  за што бил должен и во девет наврати за случени сообраќајни незгоди, постапил спротивно на одредбите  од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Тој на учесниците во сообраќајните незгоди, сторители на прекршоци и кривични дела не им поднел соодветни поднесоци (прекршочна или кривична пријава). Со тоа им овозможил за сторените дела да не бидат санкционирани од надлежните судски органи.

Според документираните сознанија М.Л. во деветте случаи иако бил должен да изврши увид на лице место, потоа да изготви записник од извршениот увид како и да поднесе соодветни поднесоци против виновниците за случените сообраќајни незгоди, тој во сите случаи им овозможил на странките (учесници во сообраќајната незгода) меѓусебно да се договараат за надоместоците на причинетите материјални и нематеријални штети.

И покрај тоа што знаел дека согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата е должен да изврши увид на лице место, од увидот да изготви записник, а за констатираните неправилности против сторителите да поднесе соодветни пријави, М.Л само изготвил службени белешки. Покрај ова, сообраќајните незгоди не ги евидентирал во Регистарот и Книгата за дневни настани во ПС Велес и против шест лица од Велес не поднел прекршочна пријава за сторени прекрошоци, а за две лица исто така од Велес не поднел кривични пријави за сторени кривични дела.

Во една од сообраќајните незгоди, М.Л., наместо да изврши увид на лице место, да изготви записник и против возачот да поднесе прекршочна пријава (управувал возило без да се стекне со право за управување), случајот никаде не го евидентирал и не изготвил службен материјал.

АНКЕТА »

Колку сте задоволни од настапот на македонските репрезентативци на ЕП во одбојка?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »