речник контакт

Полициска акција ,,Диригент,, или Франкфурт 2

Петмина велешани се уапсени од полицијата во рамките на акцијата Диригент, продолженеи на ланската ,,Велес,,. Тие заедно со двесетина други лица од три града се префрлени во Скопје. МВР излезе со официјална информација

Петар Печков

Петмина велешани се уапсени од полицијата во рамките на акцијата Диригент. Сите тие се префрлени во Скопје, бидејќи акцијата ја води одделението за организиран криминал.  Уапсените  се сметаат за одговорни за организирање на лица кои потоа препродавале дрога во Франкфурт и Виена, во јавноста позната како Франкфурт мафија.

Истата се одвивала и во Скопје, Свети Николе и Гевгелија при што од страна на полицијата се уапсени 29 лица. Акцијата се одвивала во соработка со полициите на Германија и Австрија. Попладнево МВР н прес конференција ќе ги соопшти деталите за апсењата.

Македонската полиција лани во февруари уапси пет лица  од Велес осомничени за поврзаност со оваа  група, но само двајца од нив завршија со пресуди и тоа за нелегално поседување на оружје, другите беа пуштени, во недостиг на докази. Обвиненијата за дилање на дрога беа повлечени.

Во продолжение  официјалнта информација и на МВР

Министерството за внатрешни работи на Р. Македонија, денеска започна со реализација на последната фаза од оперативната обработка која се водеше под името „Диригент“ и која претставува продолжение на акцијата „Велес“ која на почетокот на минатата година беше спроведена на територијата на Австрија и Германија, за разбивање на организираната група наречена „Франкфурт мафија“. Акцијата беше спроведена во координација со соодветните австриски и германски служби, чии претставници веќе неколку дена се во Mакедонија и учествуваа во реализацијата на финалниот дел од акцијата.

Рано утринава, во четири града во земјава (Велес, Свети Николе, Гевгелија и Скопје) беа приведени 29 лица, македонски државјани, поради индиции дека истите се дел од организираната криминална група „Франфурт мафија“ и дека сториле кривични дела „Недозволено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, како и „Перење пари и други приноси од казниво дело“.

Во нивните домови, автомобили и угостителски објекти се извршени претреси, кои во моментов се уште траат. Досега се пронајдени поголема количина пари во готовина (главно во евра) и помала количина дрога. По завршувањето на претресите, лицата ќе бидат пренесени во Скопје каде во повеќе полициски станици со нив ќе бидат извршени службени разговори. Сите оние за кои по завршувањето на службените разговори ќе бидат обезбедени соодветни докази, со кривична пријава, ќе бидат изведени пред надлежен Истражен судија, најдоцна до утре.

Паралелно со акцијата во Македонија, операцијата „Диригент“ се одвиваше и на териториите на Австрија и Германија, каде изминатиов период се приведени поголем број на поситни препродавачи на дрога кои се снабдувале со хероин од „Франкфурт мафија’, но беа приведени и неколку лица за кои постоеја сомненија дека се дел од организираната криминална структура.


АНКЕТА »

Каде одмарате летово?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »