речник контакт

Полициска станица Велес три месеци без командир

Орце Коцески е разрешен нa 27 јули и досега не е именуван нов командир

Петар Печков

Велешката полициска станица нема командир три месеци. Откако на 27 јули од страна на Министерот на МВР Оливер Спасовски, беше разрешен командирот Орце Коцевски, и по толку време не е назначен нов на оваа позиција.

Него го именува Советот на Општина Велес, по предлог на Министерот Спасовски. Тој за 39-тата  седницата одржана на 29-ти август достави листа од тројца кандидати, но истата  беше повлечена. 

Полициска станица Велес нема командир подолго време. Несериозно е толкав долг период да се остави ПС Велес без командир. Потребно е што побрзо министерот Спасовски да достави предлози, и ние како Совет да го избереме. На седницата во август беше ветено дека нова листа кандидати ќе добиеме за 15 дена а минаа два месеци  - рече Драган Димески, советник, од ПОДЕМ.  

Причините зошто Коцевски е разрешен не ги знае ниту Советот ниту градоначалникот. Екс командирот на ПС Велес, Орце Коцевски е генерален секретар на Независниот полициски синдикат, кој пред еден месец протестираше.  Меѓу барањата беше и ,,стоп со пресметките со синдикалните претставници,,. 

АНКЕТА »

Како ќе ја помните годината зад нас, 2019-та?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »