речник контакт

Полицијата осомничи две лица за свирепата ликвидација од пред 7 месеци

За сопругот А.К притвор, додека сопругата С.К. се брани од слобода. Осомничениот низ солзи рече дека е невин

Петар Печков

 СВР Велес поднесе кривична пријава против две лица  А. К. (32 год) и С.К (33 год) од село Горно Оризари поради основи за сомнение за  дека сториле  кривично дело „убиство“ и „помагање“ во извршување кривично дело убиство.  Двајцата сопружници се товарат дека учествувале во убиството на соселанецот  Бајрам Ибрахимовиќ (33 год) кое А.К го извршил додека неговата сопруга С.К го прикривала ,иако знаела за стореното.

На  24. март годинава во вечерните часови , прво пријавениот во близина на бензинската пумпа на „Макпетрол“ лоцирана на излез од градот на „Штипско Џаде“ во непосредна близина на разрушена куќа, со пиштол калибар 7.65мм со еден истрел во пределот на главата го застрелал Бајрам И.  од село Горно Оризари, по што го напуштил местото .Второ пријавената која е сопруга на прво пријавениот, знаела за извршеното убиство но му помагала да не биде откриен   По превземени низа оперативно тактички мерки и истражни дејствија  на 17 ноември  година по претходно обезбедена наредба од надлежен суд, извршен е претрес во дом на три лица во село Горно Оризари и лишени се од слобода повеќе лица меѓу кои и сега пријавените - изјави Анита Стојковска портпарол на СВР Велес.  

Одговарајќи на новинарско прашање таа рече дека не е пројаден пиштолот со кој е пукано, осомничениот немал дозвола за носење оружје,  а дека за мотивот на убиството ќе се трага.  Судија во предистражна постапка при Основен суд во Велес  му изрече мерка притвор  од 30 дена на А.К, додека С.К е пуштена дома, информираше судијата Габриела Гајдова портпарол на Основен суд Велес. 

И додека во Горно Оризари  за убиениот  Бајро објаснуваат дека бил мирен и повлечен, немал расправии и кавга со никого, во полицијата се води како сторител на повеќе криминални дела пред се на  недозволена трговија со дрога, додека осомничениот А.К.  за дела од имотни деликти.  Убиениот и осомничениот според полициски извори се познавале и заедно имале зделки околу трговија со дрога.  Додека беше изнесуван од судот во Велес, кон Затвор Скопје – Скопје, осомничениот  низ солзи дофрли дека тој нема  никаква врска со убиството и е невин.

Телото на убиениот Бајро Ибрахимовиќ беше пронајдено на 11 април годинава во вечерните часови, во напуштена куќа на излезот од Велес, на Штипско џаде. Тој бил пронајден убиен со испукан куршум во тилот а излезната рана била во чело. Бил ликвидиран сурово, пукано во тил, со еден куршум, бил со заврзани раце  зад грб со жица. Во џебовите имало ракавици кои ги  користат медицинските лица додека во другиот џеб е пронајден спреј за онеспособување. Последен пат  Бајро е виден  како со автомобил кој дошол по него, заминува од селото. Пред да биде најден застрелан  25 дена се водеше како исчезнат.

Убиениот Бајро Ибрахимовиќ е од велешкото село Горно Оризари каде живеел сам. Неговиот брат Енедин  е во затвор поради  вооружен грабеж на бензинска пумпа во велешко и тешка кражба во дом, при што ги малтретирал децата за да кажат каде се парите на родителите. Постариот брат Изудин  настрада во сообраќајка, со моторот излета од мостот на реката Вардар близу Велес,  на автопатот Скопје – Гевгелија.

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »