речник контакт

Полицијата смета дека фати велешанец крупна ѕверка во нарко бизнисот

Еве зошто два дена во Велес имаше силни полициски сили. МВР го сомничи Костадин Г. дека организирал транспрот на дрога кон Запад.

Петар Печков

Во организирана полициска акција вчера во Велес бил уапсен Костадин Г., нарко дилер кој подолг период и бил познат на полицијата како организатор на нарко транспорт од Македонија кон земјите на ЕУ.

Пред дваесетина дена осомничениот организирал транспорт на хероин кон Австрија, при што половина килограм од дрогата беше откриена на граничниот премин Табановце кај 22-годишниот штипјанец К.А. кој пакетот го чувал во долниот дел на ранецот.

Од спроведената истрага е утврдено дека организатор на транспортот на хероинот е велешанецот Костадин Г., кој го ангажирал К.А. и непосредно пред да тргне на пат му го предал ранецот во кој претходно бил сокриен хероинот да го транспортира кон Австрија - велат од МВР.

При вчерашниот претрес во неговиот дом, Костадин се обидел да избега, но бил фатен и уапсен. Биле пронајдени предмети со кои се докажува неговата инволвираност во транспорти на хероин.

 

АНКЕТА »

Како ќе ја помните годината зад нас, 2019-та?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »