Петар Печков
Објавено: вторник, 10 декември 2024
Велешката полиција поднела кривична пријава до ОЈО Велес против дете на 12 годишна возраст, кое пред две седмици нападна соученик при што тешко го повреди. Децата биле седмооделенци во ОУ Блаже Конески.
„СВР Велес поднесе кривична пријава против малолетник од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело тешка телесна повреда. На 21 ноември во основно училиште во Велес, пријавениот, физички нападнал друг малолетник, при што му нанел тешка телесна повреда“ – соопштија од МВР.
Инцидентот се случил во време на големиот одмор а повреденото дете, поради сршеница на черепот беше итно пренесено на Неврохирургија во Скопје. Тоа било пуштено на домашно лекување.
Tweet |