речник контакт

Полноќна сообраќајка кај УЗУС со тројца повредни

Двете момчиња минале со тешки повреди, третиот на негово барање си заминал дома

Петар Печков

Во судир на два автомобили  ауди и лада, повредени се три лица а автомобилите уништени. До несреќата според МВР дошло пред полноќ во 23,45 часот во близина на  станбениот комплекс УЗУС кога се судриле двете возила, како што велат поради не држење  на страна. 

Возилото ауди го управувал Б.Н ( 47 год) додека ладата Н.Ј. ( 25 год) а  на совозачкото предно седиште бил  М.В ( 24 год). Сите три лица биле веднаш пренесени во велешката болница. Според докторите двете млади лица имале повреди на главата, тие се вон животна опасност и се задржани на лекување, додека Б.Н. по негово барање е пуштен дома со полесни повреди. 

Соседите од блиските згради раскажуваат дека слушнале силен удар  а кога излегле на терасите ги виделе двата автомобили како се среде улица.  Истражните екипи работат на расчистување на сообраќајката и причините поради која дошла до неа.  

АНКЕТА »

Каде одмарате летово?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »