речник контакт

Половина средношколци зависници од интернет

Истражувањето покажало дека најголемиот дел од младите комуницираат со пријателите користејќи ги социјалните мрежи или гледајќи видеа или филмови

Петар Печков

Од оние кои земаат некаков уред во кревет, најголемиот дел од нив комуницираат со пријателите користејќи ги социјалните мрежи или гледајќи видеа или филмови. Повеќе од четири од десет девојчиња сметаат дека го искористиле интернетот на компулсивна основа за дружење, покажува истражувањето.

Истражувањето било направено во име на „Tablets for schools“, хуманитарна организација предводена од групи на технолошките индустрии како „Carphone Warehouse and Dixons“ чиишто кампањи се насочени кон зголемено употребување на уредите како iPad во образованието.

Истражувањето вели дека помалку од третина од средношколците кои користеле веб уреди во кревет било поврзано со домашно. Постојат некои разлики во половите, со 46% од девојките кои изјавиле дека понекогаш се чувствуваат зависно од интернетот, и 36% од момчињата, но значително повеќе момчиња велат дека се чувствуваат зависно од компјутерските игри. Покрај е-маилот, најчесто користени страни се социјалните мрежи како Фејсбук, Твитер и Снапчет.

Додека повеќето ученици изјавиле дека се позитивни за интернетот, дел од нив изјавиле дека иако не сакаат, не можат да не го користат. „Тоа е првата работа што ја правам наутро и последната работа што ја правам навечер. Постојано сум на интернет“, изјави едно 10 годишно момче.

Друго момче, една година постаро изјави: „Кога сум на Youtube, едно видео води кон друго... така не можам да се спречам себеси да гледам видеа, и понекогаш останувам до 2 часот наутро само затоа што сум гледал видеа“.

Проблемот со зависноста од интернет е тема за која треба да се дебатира, а некои истражувачи прашуваат дали може да биде класифицирана како формална зависност.

АНКЕТА »

Како да се надмине состојбата со големиот број заразени лица, позитивни на ковид-19?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »