речник контакт

Помагајте не убија, сведочење на соседите

Што се случувало ноќеска во куќата на ул. .„Коле Цветков“ бр.131. Сторителот освен чекан користел и железен стап.

Петар Печков

Крвавите дамки пред влезот во куќата на Најдови,  кад ноќеска се случи убиство и  четири обиди за убиство,  се сведоци за ужасот кои го доживеале  членовите на семејството и убиениот Димче.  Соседите сведочат за крвавата пресметка   која С.В. (46 год) ја сторил во два часто по полноќ.

Го  слушнав гласот на комшиката која  свика, луѓе помагајте  не убија, аманте дојдете. Се слушаа викотници, пискотници. Се качив кога што да видам,  Комшијата Димче легнат на под со крвава глава, жена му го држеше лелекаше а и таа повредена. Ќерката целата крвови. Дојдени беа и братот на Димче и неговата  жена и тие  целите беа со крв облеани, многу лоша слика. Повикавме брза помош, полиција. Повредените со брз помош ги однесоа за Болница – вели сосетка.   

Според нив С.В со чекан, насилно ја искршил влезната врата  од  домот на Најдови.  Влегол во собата каде била ќерката и почнал да мава, по што втрчале таткото и мајката. Започнала борба, а во ена била скршена рачката од чеканот, по што  сторителот земал железен стап од д дворот и со нив продолжил да мава  по комшиите.

Од  ова  тие се здобиле со нови повреди по главата. На помош  дошол   и братот на   сега покојниот Димче, со неговата сопруга  кој живееле  на долниот  кат  од семејната куќа на Најдови.    И тие се здобиле со тешки повреди  на главата од железото со кои биле тепани.  Напаѓачот  бил сопрен од неговиот татко. Ова ужасна глетка завршила едноставно.

Дојде таткото на С.В. му викна, тој запре, го фати за рака  и мирно заминаа дома. Потоа дојде полицијата и го уапси и одведе  во станица – велат соседите.

АНКЕТА »

Колку сте задоволни од настапот на македонските репрезентативци на ЕП во одбојка?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »