речник контакт

Понеделник ,,Балкан денс проџект,, пред велешани

Современа балетска претстава, голем музичко - сценски проект и пред велешани

Петар Печков

Понеделник  вечер во 19ч. во салата на  велешкиот театар гостување на   ,,Balkan Dance project,,. Тоа е музичко сценски проект кој собра млади автори од различни држави, на  основа на  заедничкото наследство. Низ соработка и дијалог придонесуваат за ширење на новите текови на денешната  култура и уметност. Во проектот учествуваат автори   од Србија. Словенија, Хрватска и Македонија. Премиерата на овој современ танц настап е на 5-ти ноември во Велење во Словенија за потоа да се претстават во Велес, Скопје, Белград, Нови Сад..   

Вообичаено не сакам да зборувам за својата работа, туку да и препуштам на публиката да влезе во мојот свет за да можат да уживаат и сами да ја создадат сопствената приказна, која ќе ги доведе до мојата визија, до тоа што јас сакам да го изразам. И овој пат креирав нова визија и нови зборови, кои ја кажуваат вистината за пет жени кои се полни со живот, емоции и енергија. Секоја жена има своја скриена приказна, која ќе ни ја раскаже на сопствен начин - објаснува Игор Киров кој заедно со Александра Илиќ од Србија  го создаде ,,Балкан  денс проџект,,. 

Продукцијата е на  Центар за култура Велење, Словенија. Кореографија на Александар Илиќ и Игор Киров. Настапуваат: Мојца Мајцен (Словенија), Петра Валентиќ (Хрватска), Андријана Данчевска (Македонија), Катерина Стојковиќ (Србија), Миона Петровиќ (Србија) и Дуња Костиќ (Србија).

Оваа кореографија е кратка, таинствена, чудесна фуга на смртта и младоста, реминисценција на познатата новела на Томас Ман „Смрт во Венеција“. Звукот кој го прати дејствието е ехо претворен во звук на посмртните ѕвона на некоја далечна потопена катедрала.

Претставатаа ќе се одржи по доделувањето на општинските признанија 9-ти ноември

АНКЕТА »

Како да се надмине состојбата со големиот број заразени лица, позитивни на ковид-19?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »