речник контакт

Понуда за пречекот на Новата 2016-та година

Кој ќе пее и која е цената, по велешките локали

Петар Печков

Богата понуда, за сечиј вкус и сечиј џеб нудат велешките угостители за пречекот на Новата 2015 година. Цените се од илјада до две илјади денари, забавата е со проверени музички имиња.  

 Така во ресторанот на  Винарија Стоби цената е 2 илјади денари а гостите ќе ги забавува група Чардаш.

Хотел ,,Гарденија,, пречекот е 1.990 денари со  Фидбек Бенд до  Скопје.

Хотел Романтик 1.900 денари со тамбураши,,Ѓезме,, од Куманово.

 Пречекот на Нова година  на Брод ,,Панини,, чини 1.500 денари со Тренд бенд.

Ресторан  ,,Глорус,, нуди дочек за  1.500  денари со  Коктел бенд

Ресторан ,,Аркадија,,  пречекот е  1.300 денари со Тринити бенд

Ресторан ,,Розе сала,,  за пречекот нуди мени со цена од 1,250 денари и група  Виртус

Мотел на Велешко има цена од 1.100 денари за пречекот на Нова година со Стакато бенд  

Во Клуб 54 за пречекот ќе пее српската ѕвезда Алекса  Перовиќ.

 Во Авангард пречекот е  со Браво бенд.

 Во Драма кафе со ДЏ Марга сол и Џое бонга на конга

 Доколку ската да ги слушате група Соната и Катерина Брезева тие за пречекот се ангажирани во Свети Николе кај  Пуже во Мечкуевска куќа .

 Пречекот на Нова Година во Меана  903-та е со  Кајшар бенд и чини 1.150  додека во Таверна Деспина е со Нота бенд и цената е 1.350 денари. 

 Доколку сакате ресторан ,,Розе сала,, нуди забава и следните денови: на 2-ри со Елена Велевска,  за Божик со Ирена Спасовска и за Стара Нова година со Милица Кузмановска 

 И годинава нема да има  организиран пречек на Новата 2016-та година на отворено во градот. Градоначалникот Чадиев изјави дека имало  слаб интерес а цените за изведувачите биле високи  се се завршувало за 15 минути, па не се исплаќало да се ангажира озвучување и пејач за пречек. 

АНКЕТА »

Дали учениците од 1-ви септември треба да тргнат на настава во училиште?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »