речник контакт

Пописот пропадна, откако членовите на ДПК поднесоа оставки

Членовите на Државната пописна комисија поднесоа неотповиклива оставка

Петар Печков


Сите членови на Државната пописна комисија поднесоа неотповиклива оставка и ги повикаа сите учесници во Пописот 2011 да ги сопрат сите идни активности поврзани со Пописот, соопшти Државната пописна комисија.

Како што се наведува во соопштението на вчерашната седницата Комисијата констатирала дека не се исполнети основните услови за натамошна реализација на Пописот.

 Во најголема мера ова се однесува на  нееднаквата примена на методологијата утврдена од страна на Државниот завод за статистика, а усогласена со Еуростат во делот кој го разработува членот 6, став 3, членот 40 и членот 42 од Законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија 2011 година, стои во соопштението од Државната пописна комисија во кое се додава дека поради овие причини Комисијата констатирала дека Пописот не може да резултира со релевантни податоци и оти ДПК не може понатаму да ги исполнува своите законски обврски

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »