речник контакт

Поплавата на Вардар од 1916(фото)

Како изгледал Велес тогаш, низ неколку фотографии. Што пишува за поплава во 1850, за замрзнувањето на реката 1833 година кој држел 32 дена

Петар Печков

Поплава имало и во 1916 година. За ова сведочат фотографиите во прилог. На едната дури, како разгледница ја испраќа германски војник, кој бил тука во Велес и му пишува на татко си.  

Но еве два други записи во стари документи за поплава во Велес од 1850 и замрзнувањето на реката од 1833

Да се знае како во единаесеттиот ден во ноември, од многу дожд стана многу голем Вардарот и стори страшно потопување на стоката и многу куќи и дуќани се растурија, додека луѓето што беа во нив, поради милоста и благодатта на крстителот семоќниот Бог и Спасител наш, сите беа спасени и почит тие му одадоа поради своето спасение. Нека му е славата вечна, амин! Тоа се случи ноќе, во споменатиот погоре ден во 7 часот.

11 декември 1850, Георгиј Јанкович дидаскал, учител Никола Кристович.
Минеј од црквата „Св. Богородица“ во Велес.

Да се знае дека замрзна Вардар во 1833 година, на 25 декември, и држеше мраз 32 дена, така што одеа преку него луѓето сосе коњи.

Запис врз примерок од Огледало, сопственост на семејство од Велес.

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »