речник контакт

Поради зголемен обем на работа и поради недоволен соодветен простор, продолжен рокот на користење на просторијата кај пожарната

Дополнителната канцеларија каде ќе се издаваат готовите патни исправи, лични карти, возачки дозволи за таа намена ќе се користи до крајот на годинав

Петар Печков

Советниците на Општина Велес,  го продолжија рокот на користење на просторијата каде се издаваат документи на граѓаните, изготвени од Управната служба на МВР.

Просторијата која е во склоп на  Територијалната против пожарна единица Велес, а е сопственост на Општина Велес, се продолжува рокот на користење до 31.12.2025 година. 

Барањето  од страна на Министерство за внатрешни работи – Сектор за управно надзорни работи, Отсек за управни работи Велес е поднесено поради зголемен обем на работа и поради недоволен соодветен простор за функционирање на самиот објект, поради што е потребен дополнителен простор за издавање лични документи -лични карти, пасоши, возачки дозволи. 

Со одлука на Советот на Општина Велес, на  21.02.2024 година се даде на времено користење просторијата до 31.12.2024. Таа подоцна беше продолжена до 31.01.2025 година.  Просторијата е со површина од 24м2.

Неодамна МВР информираше дека работното време на управните служби во Велес е зголемено до 8 до 18 ч. секој работен ден, сабота  нема да се работи.

АНКЕТА »

Дали на Велес му е потребна освен постојната градска линија Автобуска- Железничка - Превалец и обратно , уште една линија на друга релација?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »