речник контакт

Поради новиот зголемен полицискиот час, од утре во земјава ќе сообраќаат само девет патнички воза

Кон и од Битола и Гевгелија само по еден патнички воз, кон Кичево, Кочани и Куманово нема

Петар Печков

Осетно е редуциран железничкиот патнички сообраќај, кој ќе се применува од утре, среда. Причината е  зголемено времетраење  на полициски час, кој ќе трае  од 16  до 5 часот, а  стапува на снага  од утре,  објаснуваат од МЖ  АД Транспорт.   

Кон Битола  од Скопје ќе има патнички воз наутро во 6,57  а од Битола кон Скопје во 10,50, кон Гевгелија со поаѓање  од Скопје во 6,23 а од Гевгелија кон Скопје во 11,30ч.

На релацијата Скопје - Велес ќе поаѓаат во 9,15, 12,40 а од Велес кон Скопје во 6,40, 11,30 и 13,44.

Од утре попладне нема да сообраќа патничкиот воз кон Кичево, од пред две седмици не сообраќаат ниту возовите  кон Кочани и  кон Куманово.  Во викенд, сабота и недела нема да сообраќа ниту еден патнички воз. 

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »