речник контакт

Поради парите ја убил старицата во Градско

Со признание на двете дела, силување на две старици и убиство едната од нив, од страна на обвинетиот Емран Асановски ( 20 год) започна судскиот процес кој се води во Основниот суд во Велес.

Петар Печков

    Тој до детали ги опиша двата настани кога барајќи пари ги силувал стариците  М.Г.(75 год) и С.Ј. (78 год) која подоцна и почина како последица од давење. Асановски на судското рочиште делуваше преплашено, нервозно, збунето а причина за извршените дела ги посочи парите.

Често одев во интернет, во кафулиња, кафеани и ми требаа пари а нив ги немав. Затоа и ги сторив делата, поради парите. Земав само од кај М.Ј. 14 илјади додека кај С.Ј. не земав ниту денар ниту злато. Кај С.Ј. ден претходно бев ангажиран со мојот коњ да и ги донесам бетонските столпчиња од лозјето. Вечерта кога минев, бидејќи немав пари решив да влезам. Не најдов ништо. Заборавив да и ја одврзам устата по чинот, бев збунет, иако слушав како дишеше, ја оставив да почине. Кај М.Г. кога влегов таа ме виде и прашуваше ,,Кој си ти, кој си ти?,,. Откако не најдов пари и ја ставив перницата врз глава, но тогаш почувствував дека во нив има нешто шушкаво, ја искинав и најдов 14 илјади денари. Ги земав и заминав. Со нив си купив мобилен од 10 илјади денари а другите ги потрошив во кафеана – изјави обвинетиот Емран  Асановски.

На првото рочиште не се појавија ниту еден од повиканите сведоци, ниту оштетената М.Г. а бидејќи не е платено веќе изготвеното психијатриско вештачење, па тоа не е добиено, судскиот процес по само 20-тина минути заврши. Асановски е обвинет за кривичните дела  две силувања, убиство, две разбојништва и две тешки кражби. Првото се случило на први октомври 2009-тата во 23 часот, кога преку прозор влегол во домот на С.Ј. и откако барал пари, ја силувал и за старицата да молчи и ставил чорап и крпа во уста од кои подоцна таа и се задушила.

Обвинението го товари дека украл 15 илјади денари и повеќе златни предмети, прстен, обетки, ракавица, бурма. Во вториот случај на 6-ти декември, влегол кај старицата М.Г. и почнал да и бара пари, велејќи, денес доби пензија, каде се парите. Откако ја силувал и ставил перница врз главата, но тогаш почнало нешто да му шушка,и откако ја отворил нашол 14 илјади денари и избегал. М.Г. преживеала а таа работела како единствена  бабица во населбата Градско за нејзиниот 35 годишен стаж и го породила  и обвинетиот Емран Асановски.

Судењето продолжува со сослушување на сведоците. Во два претходни случаи, жител на Богомила доби шест години затвор за силување на старица, а двајца малолетници добија по седум години затвор откако убија старица затоа што не им дала пари.

АНКЕТА »

Дали состојбата со ковид-19, го промени начинот на живот кај Вас?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »