речник контакт

Порази на велешките екипи во најквалитените лиги

Загубија ракометарите, фудбалерките и екипата во футсал

Петар Печков

Неуспешен спортски викенд за екипите од Велес, кои настапуваат во Првите лиги. Ракометарите на ГРК Борец на домашен терен очекувано загубија од лидерот Металург со 29:24, полувреме 16:11. Скопјани се убедливо поквалитетен тим, кој нема загубен бод што го покажа на теренот.

Најефикасни во редовите на Борец беа Лазаровски со 6 и Кире Мачавелов 5, Органџиев 4 гола.  По овој пораз и 16 одиграни кола Борец е претпоследен со 16 бодови. Во следното коло, велешани гостуваат на соседот од табелата Радовиш.  

 Фудбалерите на  футсал  екипата на Велес, се  проазени  дома од лидерот  Железарец со високи 6:0, полувремето заврши без голови.За потсетување, пред  три седмици Велес  го изненади Железарец во Скопје и му одзема бод, што е единствен нерешен резултат на скопјани.  

По ова 20-то коло Велес и натаму е 6-ти  со 24 бодови а во наредното коло гостува во Тетово на  СЕЕУ, екипа која како и  велешани се бори  да го  избегне  претпоследното место кое води во разигурвање за опстанок.    

Фудбалерките  на Борец на  гостувањето во Кочани поразени се од  истоимената   екипа, која е второпласирана,  со високи 7:0, полувреме 3:0.

Така по 12 кола Борец е седми со 10 бодови. Во наредното коло дома, в сабота Борец игра со струшката екипа на АС Јунајтед,  која е едно место повисоко пласирана.

фото:  komarec.com.mk      zelezarec.com.mk

АНКЕТА »

Дали 8-то место на ФК Борец во Првата лига ги задоволи вашите очекувања?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »