речник контакт

Пораз за новиот прволигаш Борец во Гевгелија

Поразени се и фудбалерките и ракометарите, во натпревари од најквалитетните лиги

Петар Печков

Велешки ФК Борец 1919 во претпоследното 26 коло од Втората лига Исток,загуби во Гевгелија од  третопласираниот ФК Кожуф со 3:1 (2:0). Но веќе од претходното коло велешките фудбалери се членови на новото најквалитетно друштво Првата лига, бидејќи предноста над второпласираниот ФК Тиквеш е недостижна, шест бодови.

В сабота во 16,30 ч. се игра последниот натпревар во оваа конкуренција и тоа токму против големиот конкурент ФК Тиквеш од Кавадарци, на Градски. По завршувањето на средбата на фудбалерите ќе им бие врачен пехарот за освоеното прво место. 

 Во женска конкуренција во Првата лига се одигра 23 коло а фудбалерките на ЖФК Борец играа во Речица, каде загубија од истоимениот тим, кој е осмопласиран  со 11:0 (5:0). И по ова коло тие се претпоследни со 7 бода. Во следното коло играат со второпласираниот ЖФК СЦ Истатов од Дојран. В среда на Градски играат заостанат натпревар против ФК Кочани, кој е 11-ти со пет победи.

Во разигрувањето за опстанок, јуниорската екипа на ГРК Борец во Прилеп загуби од истоимената екипа со 33:22 (16:13). Домаќините се петти во оваа конкуренција со 16 бода. ГРК Борец е последен без ниту еден освоен бод. Во следното коло гостуваат на РК Радовиш во Радовиш, кој е четврти со седум победи.  

АНКЕТА »

Дали 8-то место на ФК Борец во Првата лига ги задоволи вашите очекувања?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »