речник контакт

Пораз за ракометарите на Борец

Пораз и за футсал екипата на Велес. Трета лига Југ победа за Превалец, пораз за Борец 1919

Петар Печков

Неуспешен спортски викенд за велешките екипи. Ракометарите на ГРК во третото коло на Супер лигата, на гостувањето во Скопје се поразени од екипата на Пролет 62 со 22:17, полувреме 12 :6. Решавачки за загубениот натпревар се последните  12 минути од првото полувреме, кога домаќините по водството од 7:6 постигнаа 5 а не примија ниту еден гол. Обидите на велешани да ја намалат разликата во второто  полувреме, не  дадоа резултат.

Напротив голманот на    Пролет, Кимевски одбрани 5 од 11-те удари од 7 метри. Најефикасни кај домаќините беа  Стојановски со 5 и по 3 Икономов и   Петровски а во второто полувреме 7 одбрани имаше голманот  Огнен Трајковски. По три кола Борец е трет а веќе в среда игра со екипата на Вардар Јуниор во Велес, во салата Гемиџии со  почеток во 18ч. 

Во првата футсал лига екипата на Велес гостуваше во Скопје каде загуби со 6:4 од Јувенетус Серава.

Во третата лига Југ двете велешки екипи играа дома. Превалец победи против Младост од Удово со 3:1 додека Борец загуби од Победа од Валандово со 2:0 иако гостите играа со играч помалку. По ова шесто коло Превалец е четврти со 11 бода и гол разлика 10:6, додека Борец 1919 е 7-ми со 8 бода. Во наредното седмо коло Превалец гостува  во Кавадарци на екипата на Тиквеш 2014 која е шести со 10 бодови а Борец 1919 гостува  поселдно пласираниот Големо Коњари. 

АНКЕТА »

Дали 8-то место на ФК Борец во Првата лига ги задоволи вашите очекувања?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »