речник контакт

Пораз за ракометарите на Борец во дербито

Резултатите на велешките екипи изминатиот викенд

Петар Печков

Ракометарите на Борец во дербито од Првата лига, загубија како домаќини од лидерот Вардар јуниор со 22:19. Така гостите остануваат непоразени а велешани ќе имаат задача да го задржат второто место, каде се наоѓаат, ако сакаат да играат разигрување за пополнување на Супер лигата.  

Во претпоследното коло од Првата футсал лига, екипата на Велес во Куманово загуби  од Иларет со  7:5 и се на 8-то место  од 10 екипи, со 26 бодови. За да го избегнат претпоследното 9-тоемсто, кое води во бараж за опстанок, велешките фудбалери в сабота, во последното коло,  ќе треба да извлечат најмалку бод дома, во  салата Гемиџии против екипата на СЕЕУ од Тетово, кои се  четврти со 39 бода.  

Оваа недела слободни беа фудбалерките на Борец и кошаркарите на Борец Баскет. 

Во Третата лига југ во локалното дерби Бабуна го совлада Превалец со 3:2, додека Борец 1919 беше слободен.  По ова 19-то коло   Превалец остана трет, Борец 1919 падна на 6-тото место, додека Бабуна се искачи на 8-то со 20 бодови, но и натаму е во опасната зона за излегување, тоа е 11-то место каде  е 11 Октомври со 19 бода.  Во следното коло Бабуна е слободна, Борец  1919 гостува на Партизан во Обршани -прилепско,  а Превалец дома игра со второпласираната екипа на Вардар од Неготино

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »