речник контакт

Пораз за КК Борец баскет, на стартот од вториот дел на првенството на Втората кошаркарска лига

КК Ангели –КК Борец баскет 87:71

Петар Печков

Со пораз започна спортската 2025 година. Први стартуваа кошаркарите на КК Борец баскет, кои на гостувањето во Скопје загубија од составот на КК Ангели со 87:71 (46:30).

Домаќините во целиот натпревар беа во водство и немаше дилеми за победникот. Ова беше дерби на стартот на Втората кошаркарска лига, двете екипи се  од врвот на табелата.

По ова  12 коло КК Ангели остануваат на врвот а КК Борец баскет е четврти со 20 бода, 8 победи и  4 порази.

Во следното коло, на домашен терен, доаѓа фенeрџијaта КК Струмица ФНП, кој иma само две победи.

АНКЕТА »

Дали сте задоволни од настапот на македонската ракометна репрезентација на СП?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »