речник контакт

Поранешниот мотел на „Интернационал“ близу Градско , откако 15 години беше запустен, се продаде за 4,17 милиони денари

Новиот сопственик најавил дека ќе го обновува објектот за угостителски и туристички цели

Петар Печков

Поранешниот мотел на велешки „Интернационал “ кој се наоѓа близу Градско, беше продаден на електронско наддавање, соопштија од Општина Градско, во чија сопственост беше.

Објектот е во  руинирана состојба, а го купил жител од село Водоврати, Општина Градско, за 4,17 милиони денари.  Објектот го продаде локалната власт, на која Владата и го префрли  во декември 2018-та. Мотелот има корисна површина од  744 м2 и опфаќа две згради.

По разговорите со новиот сопственик, од локална власт на Градско кажаа дека планирал  објектот да го реконструира, да го откупи земјиштето и да развие  фамилијарен бизнис, да изгради базен, камп, комплекс за  одмор на патниците кои минуваат по автопатот Куманово -Гевгелија, во чија близина е мотелот.

Некогашниот мотел повеќе од 15 години е празен и пуст, менуваше сопственици и  е во лоша состојба.

АНКЕТА »

Како да се надмине состојбата со големиот број заразени лица, позитивни на ковид-19?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »